Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀

SMART ORGANIC / ОРГАНСКА ЕМЕР ПЧЕНИЦА - 500 ГР.

235 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800225470117


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Житарки
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Smart Organic

Органската емер пченица е исто така позната и како нехибридизирана античка пченица, која:

- Содржи повеќе минерали и микронутриентите наспроти обичната пченицата

- Природно содржи витамини од Б-групата

- Има висока содржина на растителни влакна

- Потекнува од органско земјоделство 


Нето тежина: 500 g.


Органската емер пченица е најпопуларна како „вистинска пченица“ или „древна пченица“. Се смета дека е првата култивирана растителна храна. Органската емер пченица е најпримитивната форма на пченица на Земјата. Таа е побогата со протеини и содржи пониска количина на јаглехидрати од модерната пченица. Исто така, содржи повеќе витамини и минерали од модерната пченица. Органската емер пченица е без ГМО, содржи помалку глутен и полесно се вари. Ова се едни од главните причини многу луѓе да ја преферираат во однос на модерната обична пченица. Има малку јаткаст вкус и лесно ја заменува обичната пченица во секој рецепт.


Начин на употреба: Органската емер пченица можете да ја користите во рецептите за леб и тестени производи, во пекарските производи и слатките. Луѓето со целијачна болест или екстремни алергии на глутен сепак треба целосно да ја избегнуваат органската емер пченица.


Складирање: Да се ​​чува на суво и ладно место.


Состав: органска емер пченица*.

*органски сертифицирана состојка


Потекло: Австрија/ Германија/ Бугарија.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1415 kJ/335 kcal

Масти: 3 g

од кои заситени: 1 g

Јаглехидрати: 58 g

од кои шеќери: 1 g

Растителни влакна: 10 g

Протеини: 14 g

Сол: 0 g


Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре